
Започна ремонтот во Воска Спорт за пролетната полусезона од Првата македонска фудбалска лига, како што веќе објави телевизија М Нет од Охрид си заминаа голманот Хадис Велии, како и за фудбалерите Фати Исмаиљи, Бесар Исени, Александар Ѓорѓиески, Бујар Хајдари и Сикиру Олатубосун.
Клубот од Охрид им се заблагодарие на сите играчи за придонесот во овој период, посакувајќи им многу среќа во кариерата.
Во меѓувреме, Опет ТВ дознава дека Воска Спорт е многу блиску до трансфер на Костадин Захов. Голманот на Шкендија ќе биде позајмен во тимот на Воска Спорт за пролетната полусезона. 36-годишниот струмичанец има големо искуство и ќе биде големо засилување за Воска Спорт која ќе цели кон освојување на Купот и опстанок во Првата лига.
Во текот на следната недела се очекува Захов да стави потпис со Воска Спорт. Инаку, во својата кариера голманот од Струмица покрај за Шкендија има настапувано и за Беласица, Вардар, Хоризонт Турново и штипска Брегалница.
АВТОР: Александар Ванев