Комисија за спорт : Од денес Пријави за Избор на спортист на град Штип за 2020 година

Од денес официјално спортските клубови и спортисти ќе можат да аплицираат и да поднесуваат Пријави за Избор на спортист на град Штип за 2020 година. Претседателот на комисијата за спорт Елмир Мандак во својата изјава нагласи дека пријавите и критериумите можат се подигнат од комисијата и во периодот од денес 30 декември 2020 г. до 11 јануари 2021 г. ќе можат да ги достават со предложените кандидати.

Вообичаено јавниот повик се однесува за избор на најдобри кандидати во пионерска, кадетска, младинска и во сениорска конкуренција. Елмир Мандак нагласи дека сите пријави поднесени по вообичаениот термин 11 јануари нема да бидат земени во обзир за разгледување. Претседателот на комисијата за спорт на општина Штип, Елмир Мандак на сите спортисти и спортски работници им ги честита новогодишните и божиќните празници со желба за поуспешна спортска сезона.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk