
Во првиот утрински извештај штипскиот пожарникар – доброволец Александар Ѓоргиевски вели дека брзо, сигурно и безбедно со автобус на Хисар стигнал и бил прифатен во пожарниот дом во градот Сисак. Состојбата во градот, кој заедно со Петриња е најмногу погоден од силниот земјотрес е хаотична и многу тешка.

Глетките насекаде по градот се страшни, лугето се избезумени и уплашени, некои ноќта ја поминаа во сали, некои по хотели а некои не сакаа да ги напуштат своите домови. Има многу војска, полиција, волонтери, црвен крст доаѓаат многу камиони со хуманитарна помош досега се забележани 15 шлепери кои доброволците и волонтерите сложно ги истовараат и ги сместуваат во соодветните простории.

Во обиколката на постраданиот Сисак беше и градоначалничката на градот која замоли сета оваа работа уредно да се заврши. Подоцна оваа хуманитарна помош со комбиња и со доброволците се префрла на настраданиот народ.

И покрај хаотичната состојба сите се предупредени дека треба строго да се придржуваат на институциите и внимателно да ги следат нивните инструкции. Александар Ѓоргиевски нагласи дека иако постојано тлото сеуште се тресе,сепак за ден, два состојбата ќе биде нормализирана и ќе се стави ред во организираноста на расчистување и на помош на настраданиот град.

Колку за потсетиување, вчера доцна попладнето Александар Ѓоргиевски со таксистот Столе Штерјов и со платен бензин од Дади Компани се упати кон Табановце а од таму со автобус на Хисар се упати кон Сисак, Хрватска и сето тоа беше бесплатно, односно дел од хуманитарната акција на нашиот штипски бивши пожарникар,Александар Ѓоргиевски.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk