Театарските претстави во време на глобална пандемија беа затворени. На публиката им фалеа ликовите од театарската сцена. На самите актери, жанровите и публиката. Во време на глобалната пандемија беа одржани само две претстави, според протоколот за заштита од Ковид-19. Но, како сето тоа се одрази врз театарот? Театарот токму денес, е потребното место за да ја сплоти публиката. Да ги оттргне лошите мисли деновите кои ги живееме. Со многу хумор и позитивна енергија.
Која е идејата, со што треба да се мотивира, за да се донесе придонес за иднината на театарот? Покрај глобалната пандемија, сепак во Театарот имаше и добиена награда од Приштина за претставата „Возможни светови“. Како ќе се заокружи 2020 година?
Годинава, заминува со надеж дека Новата година ќе биде подобра. Остануваат да се паметат, и деновите во кои наградите беа во рацете на нашиве познати актери. Во 2021 година Народен Театар Штип со нови предизвици и планови.
Надица Стојковска / М Нет
Игор Зиврев/ М Нет