
Брегалница утре го игра осминафиналниот натпревар од Купот на Македонија против прволигашот Работнички во гости.
Шефот на стручниот штаб на Брегалница, Влатко Костов, вели дека го респектираат Работнички, додава дека целта на Брегланица е победа и палсман во следната фаза.
„На утрешниот куп натпревар против Работнички одиме максимално мотивирани и спремни. Како и на секој друг меч оваа сезона, нашата цел е победа, а со тоа и пласман во следната рунда. Работнички е клуб составен од квалитетни играчи, имаме целосен респект, но ние ќе ја играме нашата игра и ќе се трудиме да ја исполниме целта. На теренот ќе истрчаат најдобрите и најспремните 11-мина кои во моментот ни се на располагање. Очекувам добар и возбудлив меч со една дисциплинирана игра да се пласираме понатаму во купот“, вели шефот на струшниот штаб на Брегалница, Влатко Костов.
Александар Ванев, М-Нет