Кире Велинов го извади светиот крст од река Брегалница во село Карбинци

Кире Велинов го фати светиот крст во водите на река Брегалница во село Карбинци. По него скока четврта година по ред, а годинава за него се покажа успешна. Чувството прекрасно вели Велинов, со желби за среќна година на сите.

„Многу добро, убаво, нека е за многу години празникот на сите.“ – вели Велинов.

Во водите на река Брагалница во село Карбинци годинава по светиот крст скокна 12 верници кои претходно беа пријавени.

Градоначалникот Виктор Паунов упати честитки до среќникот кој го издави крстот од водите на река Брегалница во село Карбинци. Среќна и бериќетна година посака и на сите други верници.

„Денес на овој голем христијански празник најпрвин честитки за среќниот факач на крстот кој денеска во село Карбинци успеа да го фати крстот и да посакам среќни празници. Да дава Господ среќа, здравје, бериќет на сите! – вели Паунов.

И во Општина Карбинци среќникот кој го фати крстот доби подароци од општината како и од општествено одговорни компании.

Лаура Стојнова М-Нет