
Од над 70 пријавени веррници, Оливер Стојанов од село Уларци кој живее во Штип го извади светиот крст од водите на река Брегалница во населба Осми Ноември. Четврта година по ред скока по крстот, а ова е прва година како го фаќа крстот.
„Ова ми е четврта година по ред како скокам по крстот, оваа година за првпат во фаќам, фала му на Бога.“ – вели Стојанов.
Голем број верници и годинава беа дел од настанот во населба Осми Ноември, а голема беше и бројката на пријавени верници кои скокнаа по светиот крст.
Пораки за здравје, мир, бериќет и успешна година посакаа градоначалникот Иван Јорданов, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, како и пратеникот Никола Мицевски.
„Бог се јави, нека е бериќет, благослов и мир во секој дом, бериќет во нашиот град“ – вели Јорданов.
„Сакам да и порачам здравје, среќа, успех на сите наши граѓани. Посакувам ова да биде уште еден празник кој ќе не сплотува, да си подаваме рака и со тоа сум сигурен дека ќе бидеме поуспешни“ – вели Бочварски.
„Посакувам здравје, мир, среќа и бериќет во секој дом. Да ги негуваме традицијата, од година во година да бидеме побројни“ – додаде Мицевски.
Според верувањата оној кој ќе го фати светиот крст ќе биде среќен и благословен во текот на целата година.
Лаура Стоајнова М-Нет