
Светиот крст во Општина Карбинци се потопи во водите на река Брегалница и во село Долни Балван. Десетина верници скокнаа по светиот крст. Жарко Михајлов за првпат се фрла по светиот крст и првпат го вади светиот крст од водите на Брегалница. Голем среќа за младиот Михајлов кој порача среќна и бериќетна година.
„Во светите води на река Брегалница се фрлам првпат и првпат го фаќам светиот крст. На сите верници им поскаувам се најдобро, да сме живи и здрави сите.“ – вели Михајлов.
Во Општина Карбинци светиот чин на потопување на светиот крст се чествуваше на три локации, во село Карбинци, во село Долни Балван и во село Таринци.
Лаура Стојанова М-Нет