
Веќе неколку месеци мамографот во КБ Штип не работи поради дел што недостасува, а од пред неколку дена во дефект е и ренген апаратот. Директорот Владко Захариев вели дека потребниот дел за мамографот е најден во Хрватска и се очекува да пристигне за апаратот повторно да биде ставен во функција. Наместо да се чека набавка на нов апарат, што би траело со месеци, засега ќе се поправа постојниот за пациентите да не чекаат подолго. Во меѓувреме е почната и постапката за сервисирање на ренген апаратот. Додека траат поправките, пациентите за ренген снимања ќе се упатуваат во Радовиш, Свети Николе и Кочани.
,,Мамографот за жал неколку месеци не работи, веќе сите знаете. Што е целта- целта е што побргу да го направиме. Мамографот си ги има своите години и тоа беше дилемата што разговаравме, значи самиот сервисер што е, кажа дека нема делови што може да се набават. Сега во дилемата и нов или да се поправи стариот, во консултација со сервисерите, тој дел што фали, преку нивни мрежи е најдено дека тој дел го има во Хрватска и тие сега чекаат да се достави до нас за да го направиме стариот. Зошто го правиме стариот, сега тој е стар, но во интерес на времето за пациентите да не чекаат, бидејќи нов како нов апарат е процедура за јавна набавка што се одвива месец, два, па и три ако има жалби и така да сега ако почнеме ние нов, не би било благодарно уште три месеци да чекаме апарат.“, кажа Захариев
Како алтернатива за пациентите во КБ Штип, директорот Владко Захариев вели дека додека ренген апаратот е во дефект, во болницата се користи помал, подвижен ренген апарат. Тој појаснува дека тој е наменет за хоспитализирани пациенти, но има ограничен капацитет во споредба со главниот апарат.
,,Ренген апаратот за жал пред за неколку денови е вонфункција, процедурата направена дефектажа, процедурата е отпочната. Сега на упровен одбор треба да направиме ребаланс а средствата да ги пренамениме и со фирмата што го сервисира се договоривме, ќе гледаме во најкус можен рок што може да направиме, сега за жал тие апарати се големи и тоа сервисирање не може да се одвива за ден два. Пак ќе треба граѓаните да бидат стрпливи. Што ни е алтернативата, значи во регионалните градови, апел и до матичните лекари што се од регионот, за ренген во моментот да ги упатуваат до регионалните центари, значи во Радовиш, Свети Николе, Кочани. Ние имаме алтернатива, но тоа е помал ренген апарат, подвижен што го имаме и тоа ни е за пациенти кои што ни се хоспитализирани, но тој го нема тој капацитет што го правивме.“, додава
Како што дополнително информираше директорот Владко Захариев, штом пристигне делот за мамографот, за прилично десетина дена истиот да биде направен и ќе профункционира.
Иван Митев, М-Нет