Катната гаража во фаза на изградба повторно на тапет кај власта и опозицијата во Штип

Граѓаните повторно се сведоци на нестручно и фушерајско работење на градонбачалникот и неговиот кабинет – потенцираа денеска на прес конференција од ОО на СДСМ Штип. Од таму велат дека капиталните проекти треба да се реализираат согласно законот и прописите.

„Кога уште не разбуден од две годишен сон, градоначалникот пробува нешто да сработи, апелираме да води грижа да не се наруши функционалноста на останатите објекти, да не се нанесува штета и загуби на истите. Соодветно да се обезбеди објектот со цел заштита на граѓаните. Градоначалникот кој помпезно најави борба со дивоградбите, а од тоа не видовме ништо, иницирано од познатата афера со дивоградбата на секретарот на општината за која исто така беше најавена одговорност, на дело демонстрира непочитување на прописите и одобренијата кои самата општина ги издава. Одговорност нема а дивоградби никнуваат на сите страни. Со оглед на јавните искажаните реакции на засегнати страни се поставува прашањето дали постојат пропустите во постапката, дали посечената градба со видно бетонска конструкција може да се карактеризира како урбана опрема, како и останата документација. Притоа ги охрабруваме сите надлежни иституции, инспекторати и самата општина да постапат во рамките на надлежности и да ги отстранат сите пропусти во реализацијата на овој проект.

Да не беше трагично ќе беше смешно – врати градоначалникот Јорданов. Апелираше до надежните институции да го спроведат Законот и да внимаваат оти еден ден одговорност ќе има.

„Замислете партијата СДС која 30 години го уништува Штип излегува на прес конференција за да ја сопре изградбата на единствената катна гаража која некогаш започнала да се гради. Тоа што тие требало да го направат а не го направиле денеска го спречуваат да се изгради. Јас ќе апелрам и до надлежните институции кои се надлежни до СВР Штип да го спроведат Законот. Ќе апелирам и до началникот на СВР Штип да внимава што пшрави, да не даваат партиска поддршка оти времето ќе помине ќе треба некој да одговара“ -додаде Јорданов.

Во оваа прилика Јорданов истакна дека деструктивни сили нема да може да влијаат во изградабата и реализацијата на проекти во Штип.

Лаура Стојанова М-Нет