Паркирањето во Кочани приоритет на кој треба да се работи – се носи стратегија за безбедност во сообраќајот

Паркирањето како приоритет, протокот на сообраќај, густината на сообраќај во Кочани како и безбедноста на пешаците и учениците се главни активности на кои треба да се работи со цел поголема безбедност во сообраќајот во Кочани. Денеска се одржа третата средба на работната група со цел да се направи стратегија за наредните 5 години и да се решат проблемите во сообраќајот во Кочани.

„Денес е треттата средба на работната група за изгработка на стратегија за безбедност во Кочани. Видовме кои се наши слави и јаки страни и ќе се утврдат приоритети и ќе се постават цели.

Претходната работна средба се реализираше кон средината на месец август со цел да се изнајде решение за проблмите во сообрачајот во градот. На средбите сепотенцираше дека сите поединци треба заеднички да се вклучат во донесувањето стратегија и поголема безбедност во сообраќајот во Кочани.

Лаура Стојанова М-Нет