
Со свечена седница утре во 10 часот започнува официјалното празнување на Спасовден, патрон празникот на Општина Карбинци, како и одбележување на 29 години од постоењето на општината. Финалните активности веќе се завршени, па се очекува одчлична забава, голема посетеност и многу позитивни вибрации.
„Ќе започне со свечена седница во 10 часот и ќе соопштиме некои важни информации за постоењето на општината во овие неполни три децении. Концертот ќе започне во 19:30 часот со група од Штип, потоа Јордан Митев и за крај Амадеус бенд од Србија“ – вели Паунов.
Настанот ќе биде обезбеден од страна на Агенција за обезбедување ангажирана од страна на општината, а на терен ќе бидат и преставници од МВР, како и сите институции за воспоставување на ред и мир. Дополнително ќе има штандови од угостителски објекти, со цел да се пружи вистинско уживање за посетителите. Според неофицијалните проценки се очекува посетеност од три до пет илјади луѓе.
„Утре не очекува еден добар празничен ден, позитивен за оние кои ќе не посетат. Упатувам една покана до сите жителите да дојдат во Карбинци и да уживаат“ – додава Паунов.
Манифестацијата утре во Карбинци, но и онаа во Таринци за Света Троица се целосно финансирани од страна на општината. Согласно Буџетот беа издвоени два милиони денари, но како што посочи Пуанов, двата настани чинат околу 1,6 милиони денари.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет