
Во текот на оваа недела треба да се земат примероци од водата за пиење од страна на АХВ и со тоа практично да се тргнат сите кочници за Крабинци да се приклучи на ХС Злетовица. Градоначалникот, Виктор Паунов очекува процедурата да заврши брзо и со тоа осум населени места во Карбинци да добијат чиста вода за пиење од ХС Злетовица. Кога точно жителите од Карбинци ќе пијат вода од Злетовица е е непознато односно, Паунов истакна дека по завршување на сите процедури се очекува да биде во најбрз можен рок да започне долгоочекуваното поврзување на ХС Злетовица.
„Тоа ќе биде во текот на оваа недела, очекувам брзо да се заврши таа техничка процедура и потоа да немаме други кочници и да го потпишаме договорот со ХС Злетовица, и да добиеме вода за пиење во осум населени места во Општина Карбинци. “ – вели Паунов.
Откако ќе завршат сите технички процедури останува потпишување на договорот со ХС Злетовица, и пуштањето на вентилите. Според Паунов ова е од огромно значење за жителите пред се заради квалитетот на водата за пиење во осум населени места во Карбинци. Општината и ЈП „Плачковица“ работеа на изградба на цевководи, како и пристапен пат. Општина Карбинци идентично како и општина Штип нема да се откаже од бунарскиот систем, однонсо дел од населените места со вода за пиење ќе се снабдуваат преку бунари. Приклучувањето на Карбинци со ХС Злетовица трае веќе четврта година, оти проектот започна во 2020 година со изградбата на филтер станицата.
Лаура Стојанова М-Нет