Каменица Саса со три големи фудбалски засилувања ќе атакува за висок пласман

Нова бомбастична фудбалска вест пристигна денес од рударската Македонска Каменица во која шефот на стручниот штаб Горан Здравков не го криеше своето задоволство од најновиот играчки расплет. Имено дресот на ФК Каменица Саса од денес ќе го облечат тројца исклучително прекрасни старо – нови играчи кои драстично ќе помогнат во понатамошниот успешен настап на оваа симпатична екипи. Тоа се играчите Илија Донов, Виктор Марковски и Дарко Алексовски кој пак по само два одиграни натпревари за тимот на Силекс од Кратово се врати во некогашниот негов тим, Каменица Саса. Колку за потсетување тимот на Каменица Саса во првото коло на ВМФЛ – Исток во Кочани ја победи екипата на Осогово со резултат од 4:1 а на домашен свој терен ја победи екипата на Локомотива со резултат 1:0. Првичните успешни резултати најавуваат бериќетна фудбалска есен со амбиции за остварување на највисок пласман. Каменица Саса располага со квалитетен стручен кадар на чело со шефот Горан Здравков, исклучително добри, проверени и надарени играчи кои исполнувајќи ги поставените задачи рушат се пред себе и најавуваат враќање на старите славни фудбалски патеки и пласман во највисокото фудбалско друштво. Токму и оваа пауза ќе влијае поволно за зацврснување на колегијалноста и воиграноста на комлетниот тим во понатамошниот второлигашки настап и задоволување на навивачките страсти на армијата на нивни верни навивачи и симпатизери. Инаку во следното трето коло тимот на Каменица Саса ќе гостува на екипата на Победа во Прилеп.

Драги Герасимов – Пушка – Mnet.mk