
Каменица Саса со нов пораз во Првата женска фудбалска лига, одново загуби дерби меч овој пат на домашен терен со резултат од 1:2 од вицешампионот Брера Струмица, во рамките на второто коло на Првата женска фудбалска лига.
„Рударките“ не ја започнаа сезоната според планот откако во првото коло загубија со 4:1 од Љуботен, а сега следуваше нов пораз и одново од конкурент за титулата, со тоа Саса по две кола нема освоен бод.
Кочани претрпе нов пораз, откако на домашен терен загуби од Истатов со резултат од 1:2. Гостинот ја оправдата фаворитската улога за нови три бода, а Кочани останува на дното без бодови.
Во другото дерби на колото кое се играше во Пржино, поранешниот шампионот Љуботен со 1:2 преку пресврт го доби актуелниот шампион Скопје, натпревар кој понуди неизвесности и шанси и за двете екипи.
Нов пораз запиша Вардар по две кола е без бодови, откако овој пат со 3:1 загуби од Ас Јунајтед во Струга, а пак Пелистер Про дојде до сигурна победа од 3:1 над Речица.
По две кола на врвот е Тиверија Брера со шест бодови, колку што има и Љуботен и Истатов, Ас Јунајтед е четврти со четири бодови, а по три бода имаат Скопје и Конзули. На седмото место е Речица со еден бод, а без бодови по две кола се екипите на Вардар, Каменица Саса и Кочани.
Александар Ванев, М-Нет