Башкими без бодови, Шкендија веќе победгна со плус пет на врвот, Брегалница има шест бода

ФОТО: ФК Брегалница

И по пет одиграни кола во Првата македонска фудбалска лига екипата на Башкими е единствената без освоени бодови во елитата, откако загуби и од Шкендија Арачиново со резултат од 1:2 пред домашната публика.

Тимот од Куманово не успева никако да се консолидира резултатска и да дојде до позитивен резултат, додека пак дебитантот од Арачиново со овој триумф веќе иам седум бодови и се наоѓа во средината од табелата.

Шкендија го доби дербито во Кратово откако со сигурни 0:2 славеше над Силекс и веќе вицешампионот од Тетово направи бегство на врвот од табелата со плус пет во однос на Струга која е втора, а која викендот со 4:0 ја декласираше Брегалница. Штипјани со шест бодови се во долниот дел од табелата.

Арсими и Скопје ги поделија бодовите во меч на кој немаше погодоци, двете екипи во Гостивар одиграа 0:0.

Рундата број пет од Првата лига се затвара со денешниот меч меѓу Тиквеш и Вардар во Кавадарци, по што ќе го имаме конечниот изглед на табелата и по пет кола ќе можеме да направиме кратка анализа на тоа што досега го понуди Првата македонска фудбалска лига.

Александар Ванев, М-Нет