
И оваа година Село Aргулица традиционално ќе го одбележи празникот Илинден, организаторите со последни подготовки. Во црквата, достојно и годинава ќе се готви во слава и чест на Св Илија, заштитникот на селото. Со вкусна манџа, салата и музика, се повикуваат сите верници.
Дури 25 години, Св. Илија се слави во селото, а од тогаш до сега традицијата со години се негува
Инаку, оваа година главен гостин ќе биде Дамјан Стојановски, па организаторите топло ги покануваат верниците на богослужба, на вечера и на добра музика. Викендов Аргулица ќе биде центарот на Општина Карбинци.
Иван Митев, М-Нет