
Ригорозни мерки и најстроги казни за подметнувачите на пожарите бараат граѓаните на Штип. Огнената стихија која со денови ја обвива државата предизвикува паника, материјални штети и сериозна еколошка катастрофа.
Сомнежите дека пожарите се подметнати дополнително ја зголемуваат вознемиреноста кај граѓаните, кои апелираат – сторителите да бидат веднаш пронајдени и соодветно казнети.
Чад, саѓи и непријатна миризба забележуваат граѓаните во последните денови, велат на тераса неможат да излезат.
Инаку, според последните информации на ЦУК на територијата на државата има вкупно 13 пожари на отворен простор, од кои: четири се активни, под контрола пет, а изгаснати четири. Гори на планината готен, а под контрола пожарот кај штипските села Драгоево и Селце, како и пожарот кај карбинското село Јунузлија. Под контрола е и пожарот кај градската депонија во Делчево.
Иван Митев, М-Нет