Интернационален фестивал „Театарски Европски Алтернативи“ од 17 до 23 септември

Интернационален фестивал Театарски Европски Алтернативи ќе се одржува во период од 17 до 23 септември. Истиот е наменет за визуелни уметници, поети и музичари. А во склоп на програмата, која засега официјално не е објавена, се работилници, промоции, конференции.

На Фестивалот ќе учествуваат учесници од повеќе земји. Меѓутоа, програмата „Нов бран“ ќе претстави артисти од една држава која ќе биде во фокус, а годинава, фокусот ќе биде на нашата земја.

Авторите од нашата земја ќе бидат промовирани во четири категории: поезија, музика, дизајн на постер и фотографија. Уметниците твореле на тема „Продор“, а најдобрите биле избрани од тричлена комисија. Дел од комисијата се Дејан Џолев за визуелни уметности, Џијан Емин за музика и Никола Маџиров за поезија.

Целата програма ќе биде објавена до крајот на месец август, па публиката ќе биде поконкретно информирана за она што ќе им го претстават учесниците од земјите – учеснички.

Во програмата „Нов бран“ учествуваат и автори од Штип, кој биле одбрани од селекторите и ќе имаат можност да ги претстават своите дела. Сепак, нивните имиња дополнително ќе бидат објавени.

Оваа година Фестивалот ќе биде во комплетно онлајн издание согласно ситуацијата.

Ребека Спасова МНет