
Високите температури и топлотниот бран кои ја зафатија нашата држава во претходната недела дена со свои последици за здравјето на граѓаните. Покрај колапсите и стомачниот вирус, истите покрај другите ризик фактори влијаат и мозочните удари кај луѓето. Доктор Елена Личкова вели граѓаните мора да водат грижа за своето здравје за да се намали бројот на мозочни удари, особено луѓето со покачен крвен притисок, дијабетичари и хронични болести. Самото дихидрирање на организмот кај луѓето доведува до зголемување на густината на крвта или така наречена хемоконцентрација.
Во ек на пандемија од направени поголем број испитувања се покажало дека корона инфекцијата не е само респираторна инфекција, туку корона вирусот има влијание врз структурата на крвните садови и на еден начин може да биде ризик фактор за добивање мозочен удар.
Мозочниот удар е во првите три болести од кои што заболува светската популација. Една третина од болните коишто ќе добијат мозочен удар завршуваат со смртен изход, една третина од нив остануваат инвалиди и една третина од луѓето се опоравуваат.
Лаура Стојанова МНет