За наплата на паркинг услуга во Штип потребен е билет или наплата преку СМС порака

Во Општина Штип паркинг услугата се наплаќа со смс порака или билет кој може да се купи на неколку локации. Секако овде постои и можноста паркинг услуга да се наплаќа со месечен или годишен билет, но не и директно наплаќање на вработените во ЈП „Стипион“.  Значи, ако вашето возило е паркирано во централното градско подрачје во Штип треба да одите до најблиското продажно место во кое има билети и на тој начин плаќате за услугата. Во меѓувреме мала е шансата да се стави блокарот иако истата не е исклучена, вели директорот на ЈП„Стипион“ Трајче Коштанов.

Коштанов истакна дека секаде каде има обележано паркинг места на кои се наплаќа за услугата во близина има продажба на грепките за наплата на паркинг услугата. За разлика од Општина Штип во Кочани на пример паркинг услуга може да се наплати и на лице место на вработените во КЈП„Водовод“ Кочани.

Лаура Стојанова МНет