Илјадарката од пензиите се троши со еден круг на штипскиот пазар, пензионерите велат – скапо е

Пензии од 30 000 денари, бараат штипските пензионерите за нормален живот во овие кризни времиња во светот. Благодарни на досегашните покачувања, но велат поради високите цени истите не ги чувствуваат. Особено цените во маркетите се нивен секојдневен кошмар, од кого се плашат да отидат на каса и да ги платат производите. Тврдат оти посакупвање има секој ден, трговците си кројат свој планови.

На ова ако се додадат и давачките за струја, вода и телефон, а веднаш потоа и парите за лекови, многупати велат пензионерите остануваат на нула.

Согласно ситуацијата, пензионерите добија неколку пати покачување на своите пензии. Претходните две години добиваа два пати по 2500 денари и по илјада денари лани и минатиот месец. Од владата како што посочија во последните изјави, се прави највозможното за да бидат задоволни и младите и повозрасните.

Иван Митев, М-Нет