
Бранителот на Куп титулата Силекс обезбеди следна фаза од Купот на Македонија, откако со 0:3 во Битола славеше над Пелистер за пласман во четвртфиналето.
Кратовскиот тим до победата дојде преку двата гола на Хасукиќ и голот на Манојлов патува во четвртфиналето од Купот на Македонија, а Пелистер завршува со настапите во Купот и ќе се фокусира на Втората македонска фудбалска лига и борбата за влез во Прва лига.
Александар Ванев, М-Нет