
Првите јагоди пристигнаа на штипскиот пазар. Оранжериски, под посебни услови земјоделците и година успејаа во екот на пролетта да ги произведат и донесат на тезга. Цената им е 120 денари за пластично канче, а земјоделците велат квалитетот им е добар.
Покрај свежите јагоди, на пазарот, од следниот петок веќе ќе се нудат и јагоди за садење, односно коренчиња, кои граѓаните можат да ги засадат во своите дворови и градини. Земјоделците велат дека интерес има, особено кај оние што сакаат домашно производство. Очекуваат дека со затоплувањето на времето ќе започне и бербата на отворено одгледуваните јагоди, што ќе ја зголеми понудата на пазарот.
,,Имам јагоди, 120 денари е канчето. Oвие се оранжериски, а моментално тек сега почнуват да цветаат домашните, оти јас одгледувам јагоди и продавам и коренчиња. Тие ги продавам по 30 денари за парче во канче исто. Моментално што се за садење.“, велат земјоделците
Дека јагодата е со добар квалитет, согласни се производителите, велат кај нив на тезга има само прва класа. Додаваат дека од мај ќе почне расадувањето на малите јагоди.
,,Квалитетот секој пат се бара и го има кај мене. Кај мене секогаш е прва класа квалитет, немам јас вторак ласа.“, додаваат тие
Се очекува во наредните недели понудата на јагоди значително да се зголеми со пристигнувањето на домашното производство. Со тоа, велат продавачите, можно е и постепено намалување на цените. Граѓаните, пак, најмногу ги бараат свежите и ароматични плодови од локално потекло. Земјоделците се надеваат на поволни временски услови за успешна сезона. Дотогаш, првите јагоди остануваат симболичен навестувач на пролетта на пазарите.
Иван Митев, М-Нет