
СВР Штип ги известува граѓаните дека на 04.09.2021 (сабота) и на 05.09.2021 (недела) во времето од 11.00 до 15.30 часот, поради одржување на ридско брзинскиот натпревар во автомобилизам „Пониква 2021 “ на делницата на градска депонија до Лешката рамнина, кочанско , сообраќајот на регионалниот пат од градската депонија до Пониква ќе се одвива со изменет режим односно ќе биде забранет за моторни возила.