
Само еден ден откако Вардат го доби „вечното дерби“ со Пелистер, шефот на стручниот штаб Горазд Михаилов си поднесе оставка и повеќе нема да биде предвоник на „црвено-црните“.
Михаилов на тренерското столче седна минатата полусезона и успеа во исполнувањето на главната цел на клубот и навивачите, односно Вардар да го избори опстанокот во Првата македонска фудбалска лига, отако најтројфениот клуб славеше над второлигашот Детонит Плачковица.
Михаилов од Вардар заминува од приватни причини, а со раководството на клубот во пријателски однос е постигнато взаемно прифатливо решение.
Вардар му се заблагодари за ангажманот на Михаилов, за неговиот професионален однос, за најважните победи и тоа што Вардар е во Првата лига.
Во следниот период Вардар ќе треба да го реши испразнетото тренерско столче, а во следното коло Вардар ќе игра против Шкупи, екипа која исто така остана без тренер, откако раководството му врачи отказ на Ернест Ѓока.
По само две кола во Првата лига две тренерско промени.
Александар Ванев, М-Нет