Златен и сребрен медал за штипјанецот Методи Георгиев

Уште еден голем успех за штипјанецот Методи Георгиев, кој на Меѓународниот пливачки митинг „Сандански Куп 2024“ во Република Бугарија, освои златен и сребрен медал.

Оваа година на „Сандански Куп“ настапија 840 пливачи од Македонија, Косово, Србија и Бугарија.

Георгиев со лични рекорди на 100 и 200 метри делфин, освои златен и сребрен медал на најсилниот и најмасовниот турнир на кој учествувал.

Во дисциплината 200 метри делфин штипскиот пливач освои златен медал, а пак во дисциплината 100 метри делфин освои сребрен медал.

Голем успех за Георгиев и неговиот пливачки клуб „Челични“ од Штип.

Александар Ванев, М-Нет