
Во струмичкото село Куклиш се одржа меѓународен турнир во пеливанско борење. Штипјанецот Дејан Митров формираше пеливански клуб и веднаш со големи резултати на меѓународниот турнир во струмичко.
Пеливаните на ново формираниот клуб на Дејан Митров од тројца учесници освоија еден златен и два бронзени медали.
На конечниот пласман Дејан Митров освои златен медал, а пак бронзени медали освоија Стефан Штерјов и Тоше Георгиевски.
Митров имаше три борби и три победи, а Штерјов и Георгевски имаа по две победи и еден пораз. Ова е почеток на натпреварувачката сезона 2024.
Александар Ванев, М-Нет