Земјоделците стравуваат од недостиг на храна, велат од мотика никој не станал газда

Пиперот и доматот со цена која е благо опадната, краставицата веќе можеше да се најде по пониска цена на пазарот во Штип. Произведувачите велат цените се неисплатливи, но мора од нешто да се живее. Поголем дек од нив согласни дека од земјоделството нема егзистенција, или како што велат тие од мотика не се стигнува до фотелја.

„Денеска бара се доматот, цената на компирот можеби малку е падната. Нема кој да не наследи, никој не сака да работе од младите. Од земјоделие не се преживува, од мотика никој газда не е станал“

Поголемиот дел од анкетираните граѓани со став дека цените се средни, но добри се и може да се купи и пиперка и домат и краставица.

„Не се лоши цените, добри се, а може и подобро да биде. Краставицата е 25 денари, доматите исто 60 денари беа сега се 50, значи не е лошо“.

На првиот пазарен ден во месец јули во Штип најмногу се бараше зеленчукот и сезонското овошје. Раздвиженоста беше поголема во утринските часови кога темепратурите беа пониски.

Лаура Стојанова М-Нет