Зелка, праз и морков на пазарот во Штип се бараа како никогаш досега – производството има

Зелката, празот и морковот во центарот на денешниот пазар во Штип. Според продавачите се бараат најмногу, а дополнително се со доста солидни цени достапни за џебот на граѓаните. Побарувачката е од делумно до целосно задоволителна, па идентично се опишува и денешниот пазарен ден во Штип. Цените остануваат речиси исти во периодот кој следи оти производството има доволно.

„Побарувачката е добра, цените се солидни, зелката 30 денари, карфиолот 40 денари, модриот патлиџан 3 за 50 денари. Најмногу се троше зелката. Цените се тие, нема да растат, ама производството е слабо“ – велат продавачите.

За граѓаните, пазарот речиси идентичен како и претходниот петок. Нема дрстични промени во цените на производите, па купува секој според своите можности.

Освен зеленчукот карактеристичен за овој период од годината, се трошеше и сезонското овошје кое е се позастапено на тезгите по пазарите.

Лаура Стојанова М-Нет