
За месец ипол се очекува да пристигнат првите домашни домати од Лесковица на тезгите на пазарите. Тетка Маре оттаму вели дека расадот е веќе посаден на отворено во нивните ниви, кој се очекува да биде роден исто како минатите години. Таа тврди дека во нивната почва се е природно, чисто и органско, што бара пред се мотика в рака, добро наводнување и грижа која е неопходна дури процвета доматот. Освен домат, дополнително вели посадилеи пипер, како и моркови, спанаќ и краставици, колку што им се нивните можности.
,,Почавме, посадивме оваа недела на отворено. Претходната недела не смеевме бидејќи имаше мраз. После први јули, се очекува веќе да има домашно производство, што значи дека месец ипол до два. Да лично сега јас садам, кога ќе излезе производството ќе донесам овде, ќе видиме што има. Домат, пипер, моркови, спанаќ, краставици, ќе имаме се.”, велат производителите
Но, за да има квалитетни производи, треба пред се да внимава, кога истите ќе се посадат, бидејќи еден пролетен мраз, може да испусти се. Производите кои сега се продаваат на пазарот, продавачите велат дека се од струмичко, кои претходно биле одгледува под фолија и соодветни услови.
,,Е тоа треба мнгоу одгледување, треба да го пратиш времето. Како е времето, така се одгледува. Оваа раба, сега е од струмичко, а почнаа веќе и штипските.“, додава тие
Кога е во прашање цената на производите, во моментот поскапување има само кај морковот, тврдат производителе од овој крај, бидејќи оваа година потешко се произведува, останатие производи засега остануваат со иста цена, која во следните месеци се очекува да намали, поради новото производство, кое како што најавија се очекува за месец ипол до два.
,,Морковот е нов, спанаќот нов, кромиот исто. Се што е ново го бараат. Морковот е новиот 100 денари, само тој е качен, другото не е покачено ништо.“ истакнаа производителите
Инаку, во моментот краставицата се среќава до околу 60 денари, додека пак краставицата држи цена и 100 денари. Наредниот период ќе биде пресуден за висината на цената, во зависност од временските услови и квалитетот на производството.
Иван Митев, М-Нет