
За првпат Виница, денеска ќе биде дел од „Маршот за ангелите“, кој е посветен на 63 те загинати животи и стотици повредени во трагедијата што се случи во кочанската дискотетка Пулс и ја потресе јавноста. Како што информираат од здружението на граѓани 16 мар 2025 година, собирот е предвиден од 16 часот и 45 инути на градскиот плоштад Ангел Винички, со што се повикуваат сите граѓани и поддржувачи, да се приклучат на маршот, кој е превиден за почне во 17 часот и 5 минути. Организаторите велат дека маршот е повик за вистинска правда и порака дека ваква трагедија никогаш не смее да се повтори. Од здружението истакнуваат дека маршот и понатаму ќе се одржува, бидејќи трагедијата не смее да заборави. Велат дека условна казна не е правда за 63-те изгубени животи и стотици уништени семејства. Родителите стојат цврсто со ставот дека за правдата на своите денца ќе се борат до крај. Инаку, трагедијата се слуќи минатата година на 16 март во дискотетката Пулс во Кочани, во која животот го изгубија 63 лица, а околу 200 беа повредени и пренесени на лекување на клиники во и надвор од државата.
Иван Митев, М-Нет