Полни кошници свежи јајца, продава 73 годишната Гроздана Петрова од радовишко Ораовица, цената е 12 денари

Полни кошници свежи јајца, секој петок во Штип, носи 73 годишната Гроздена Петрова од радовишкото село Ораовица и ги продава на пазарџиите во градот. Сами со својот домакин, одгледуваат 500 кокошки во селото, во место наследено од својот свекор. Пуштени, природно на паша, а дополнително ги хранат со јачмен, пченица и пченка. За М-Нет телевизија, таа вели дека моменталната цена е 12 денари за зрно, пари со кои ги покриваат трошоците и тргаат по малку на страна.

,,Имаме 500 кокошки, пуштени во 3 декара место. Со ечмен, пченица и мумуруска. Ги проавам по 12 денари.“, вели Петрова

Оваа домакинка од ова познато село, вели дека наследици немаат, но со домакинот се трудат да бидат вредни и на нивни над седум деценски живот. Чесно да работат и да обезбедат пари за себе.

Инаку, оваа вредна домакинка, со полно срце добрина, остана скромно да продава во Штип, истакнувајќи дека од работа нема срамота.

Иван Митев, М-Нет