
Месецов во Штип ќе се случи проекција на филм во новото кино на Киноверзум. Конструкцијата е поставена, опремата пристигната и се тестира, а недостасуваат само прозори во салата, кои би пристигнале за најмногу два дена. Во салата Општинскиот мултимедијален центар „Киро Глигоров“ во Штип има најсовремена кино опрема и ласерски проектор од најновата генерација на проектори, а истата е со капаците од приближно 150 места.
Општината е во координација со Киноверзум, од каде посочуваат дека премиерата на првиот филм ќе биде за десетина дена, а Општината за два до три дена ќе организира настан на кој кино-салата свечено ќе се отвори.
Ребека Спасова М-Нет