За греење младите најчесто користат клима уред, повозрасните едногласни дека дрвата создаваат поголема топлина

Во екот на сезоната е и барањето решение за огрев за престојна зима, а дали струја или дрва е поисплатливо, разговаравем со граѓаните на Штип и секој различно гледа на ситуацијата. Некои велат дека е поисплатливо греењето на дрва, а истите создаваат поголема топлина, за други пак истото е скапо. Сиромаштија и криза е велат тие и истакнаа дека доколку се греат на струја, клима уредот треба постојано да е вкличен.

“Како не се скапи, на оваа сиромаштија дрвата се скапи. Дрвјата се поисплатливи , но и подобро топлат, додека климата треба да биде постојано вклучена.“, велат граѓаните

Трети велат дека ќе се греат на нафта, бидејќи ја имаат поставено таквата инсталација. За три тона плаќаме околу 3 ипол илјади евра, додаваат граѓаните

“Не се греам на дрва и не ми е познато, дали е добро или не, не ми е познато. Ние се грееме на нафта, но дали е исплатливо не знам, синот нека мисли, јас мислев едно време, кога беше на дрва. За три тона, знам дека е околу 3 ипол илјади евра, тоа е најмалку. Дали сега е исплатливо, не знам . Јас сум со пензија од 300 евра, сигурно е исплатливо.“, додаваат граѓаните

Во согласност со ситуацијата и според објаснетото според познавачите, цената на огревното дрво за годинава е намалено, поради намалената побарувачка , а причината за оваа појава е поради замената на истите со клима уредите. Во однос на цените тие се пониски од 300 до 800 денари за метар квадратен, зависно за каков тип станува збор, додека цените на пелетите се пониски за 20 проценти во однос на цените од јануари годинава.

Лаура Стојанова, М-Нет