
ЦУК информкираше дека во текот на вчерашниот ден регистрирани се вкупно 22 пожари на отворен простор, еден од нив е активен, еден ставен под контрола, а 20 пожари се изгаснати.
Активниот пожар се наоѓа во Општина Штип помеѓу селата Едеклерци и Хаџи-Хамзали, пожарот е префрлен на армискиот полигон Криволак. Гори нискостеблеста шума и сува трева.
Пожарот кој е ставен под контрола се наоѓа во општина Чашка, на планината Мукос, односно на границата помеѓу општина Чашка и општина Долнени, таму гори мешана шума.