Зајков е нов в.д. директор на ЈП Исар, Стефановски на ЈП Стипион, Коцев се врати во МВР

Кирил Зајков од директор на ЈП Стипион преминува во директоркста фотелја на ЈП Исар, Трајн Коцев се враќа во МВР, а на чело на ЈП Стипион доаѓа Панче Стефановски. Ваквите кадровски промени денеска официјално се презентираа пред јавноста во Штип, а тенденција за Локалната власт е и понатаму напорно и интезивно да се работи.

„Во наредните месеци и години со уште посилен мотив и со уште посилна динамика на реализација на микро проекти кои се надлежност на јавните претпријатија ќе продолжиме понатаму“ – вели Јорданов.

На денешната прес конференција досегашниот в.д. директор на ЈП Исар, Трајан Коцев потенцираше дека во изминатите неколку месеца се работело одговорно и посветено за доброто на граѓаните и во таква положба ја предаде директорската функција на Зајков.

„Намалени се долговите во ЈП Исар за 7 ипол милиони денари, 800 илјади денари е намален долгот ХС Злетовица, долгот за струја од приватен добавувач е намален за три милиони денари, долгот за нафта за околу 600 илјади денари“ – вели Коцев.

Фокусот е реализиран и во ЈП Стипион, па Зајков му посака многу среќа и успешна работа на новиот директор Стефановски.

„ЈП Стипион беше фокусирано во два правци, првиот кон граѓаните, вториот континуитет на вработените однонсо нивните знаења и вештини.“ – вели Зајков.

Нов во целата ситуација е новиот директор на ЈП Стипион Панче Стефановски кој истакна дека ќе работи посветено и по стапките на неговите претходници.

„Моја тенденција ќе биде да ја продолжам позитивната пракса да работиме максимално, одговорно, домаќински, отчетно и ефикасно“ – вели Стефановски.

Промените во јавните претпријатија значат поодговорно функционирање на истите посочи градоначалникот Јорданов.

Лаура Стојанова М-Нет