
Отворен ден за посета на спомен собата во штипскиот мултимедијален центар Киро Глигоров по повод роденденот на првиот претседател. Граѓаните денеска имаа можност да ја посетат спомен собата и да се запознаат со лични документи, ретки предмети, фотографии од од Глигоров и неговото семејство.
„Општина Штип денес на 3 мај го одбележува денот на раѓањето на првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров. Спомен собата во Мултимедијалниот центар Киро Глигоров се отворени ширум за граѓаните и сите оние кои се заинтересирани да ја посетат истата и да чествуваме заеднички да се потсетиме на ликот и делото на претседателот Глигоров. За оние кои не знаат во оваа соба има ретки предмети, документи и фотографии и сѐ друго што Глигоров и семејството Глигорови го поседувале лично“ – вели Панајотов.

Организирана групна посета имаше и од учениците од ОУ „Вначо Прке“ во Штип. Шестооделенците и осмооделенците во посета на спомен собата велат дека се заинтересирани да научат нешто ново за првиот претседател.
Освен групните посети од утринава задоволителна е и бројка на поединечни посети од страна на граѓаните. Спомен собата на Киро Глигоров е отворена и секој работен ден од понеделник до петок.
Лаура Стојанова М-Нет