
Чичко Раде речиси целиот свој живот го поминал продавајќи на пазарите во Штип и Радовиш. Во зимскиот период на неговата тезга пред се може да се најдат подземни производи кои тој самиот ги одгледува и ги пласира на пазарите. Морков, брокула, роквица, дајкон, се само дел од асортиманот кој е достапен на неговата тезга. Пред камерите на М-Нет Раде кажа дека овие производи се користат и за салата и како лек, но и дека граѓаните ги бараат. Не се прскани па тоа дополнително придонесува за добра продажба.
„Ова е дајкон, користе се за салата, а најмногу се користи за шеќерна болест. Ова е трупка или радовка исто така за салата. Повеќето производи овде не се прскани, значи подземни работи кои не се прскаат. Ова е наше лично производство од Лакавица и пожелно е да се користи ова што не е прскано. Ова е брз култура, што значи за два месеци се произведува.“ – вели Раде.
Овие култури бидејќи се зимни ги има од месец ноември до месец март. Според Ангеловски за добар производ секогаш има и добар пласман, што значи не е ставена во прашање неговата егзистенција. Останатиот период од годината тој не одмара туку продолжува со производство, во главно зеленчуци специфични за одреден период од годината.
Нашата работа е од пет часот наутро до десет навечер, има егзистенција, но и многу работа“ – додава Ангеловски.
Поднебјето во лакавичкиот регион дозволува одгледување на ваков вид производи, што значи дека годинава и покрај тоа што беше сушна година производство има доволно. Потребно е желба, многу работа и труд, за добри производи кои се бараат и продаваат, додава Ангеловски.
Лаура Стојанова М-Нет