Андреа и Мелани се две од неколкуте успешни штипски девојчиња во дисциплината борење како членови на боречкиот клуб Олимпија, преку клубот олимпија овие девојки се имаат натпреварувано овде во Македонија и надвор од границите на нашата држава со што успешно го рушат стереотипот дека борењето е само машки спорт.
„Како што знам треба да бидеме сите исто јас не го разликувам спортот дали е машко дали е женско бидејќи сите имаме исти права и повеќето луѓе го сметаат борењето како машки спорт.“ истакнаа борачките
За вистинските љубители на спортот кои навистина сакаат да постигнуваат успеси и од рекреатинвни да преминат во професионални мора да и може да се изнајде време за одржување на тренинзите и покрај обврските во училиште.
„Ако си го искористам времето како што треба ќе имам доволно време за се на пример ако сум втора смена наутро одам на тренинг се враќам, завршувам домашните обврски одам на училиште. Јас морам да се снаоѓам повеќе бидејќи сум постара малку од неа имам излеавања ама тоа не ми е толку значајно за тоа што го сакам ќе најдам време“. Кажаа Андеа и Мелани
Успешната четиригодишна работа на овој боречки клуб има освоено многубројни награди признанија медали, а Андреа и Мелани очекуваат и се надеваат на добивање најдобри резултеати на натпреварувањата кои им се зацртани за реалицација периодот што е пред нас.
Благојчо Костадинов М – Нет