
Со 11 милиони денари пари обезбедени од ЈП за државни патишта, Министерството за траснпорт и врски во соработка со ЈП Македонија пат започна реконструкцијата на патниот правец Штип спој со А4. Станува збор за потегот од кружниот тек кај градската црква Свети Никола до штипско Ново Село кој се користеше како транзит додека се работеше на реконструкција на патниот правец Штип Радовиш. Градежните активности на терен денеска ги означија минстерот Благој Бочварски и директорот на ЈП Македонија пат, Костадин Ацевски.
„Започнуваме со јужната страна или излезот на Штип кон штипско Ново Село и почнуваме со реализација на проект вреден 11 милиони денари. Вредноста покажува дека продолжуваме со реалзиција на инфраструктурата во Источниот дел од државата.“ – вели Бочварски.
Станува збор за рехабилитација на површина од 6.055 метри квадратни, со ширина на патот од 6,8 метри.
„ Во 2023 извршивме рехабилитација на на патниот правец Штип спој со А4 во должина од близу три километри, инвестиција повеќе од 40 милиони денари. Оваа година работиме на рехабилитација на делот патниот правец транзит Штип – Ново Село. Во моментот екипи на ЈП Македонија пат работат на рехабилитација и реконструкција на патни правци на цела територија низ државата“ – вели Ацевски.
Во оваа прилика Бочварски потенцираше дека минатата недела се одвоени пет милиони денари за завршување на конзолите на река Отиња, а завршени се водоводите во населба Македонка и Каваклија. Дециден е дека со забрзано темпо се работи на изградба на брана на река Отиња, како и на санација на штети во општините зафатени од невремето.
Лаура Стојанова М-Нет