
Турнирот во мал фудбал „Црнилиште Куп“ од година во година, од натпревар во натпревар урива рекорди кога е во прашање публиката и посетеноста на натпревари.
Синоќа беа одиграни четвртфиналните натпревари, а на задоволство на публиката беа постигнати дури повеќе од 20 погодоци.
Во првиот четвртфинален натпревар кој започна во 19 часот екипата на Фасада Чајник со 4:2 го доби Dream Team и обезбеди полуфинале. Во вториот меч кој беше на програмата од 19:50 часот Ва-Ен Травел без милост со 1:5 го декласираше составот на Десово Градба и со убедлива победа обезбеди пласман во следна фаза.
Во третиот меч кој стартуваше во 20:40 часот, Фенербахче ја забележа најубедливата победа, откако со 2:6 беше пресилен за БФ Гипсереи кои немаа сила да му парираат на расположениот противник.
Последниот меч кој започна во 21:30 часот приреди голема неизвесноста кај публиката, Хана Декор и Могила одиграа 1:1 во регуларниот дел, а во пенал-рулетот подобра беше екипата на Хана Декор која патува во полуфиналето.
Теренот во Црнилиште беше премал за да ја собере целата публика, потврда дека овој турнир претставува еден од најдобро организираните, а интересот кај сите љубители на малиот фудбал е огромен.
Телевизија М Нет е медиумски покровител на овој спортски настан.