Со принесување жртва верниците од Исламска вероисповед го слават Курбан Бајрам

Со утринска молитва и принесување курбан муслиманите денеска го слават празникот Курбан Бајрам. Настаните за одбележување на овој ден во Штип започнаа во 4 часот утринава во џамијата, а продолжија согласно верувањата по домовите на граѓаните. Децата собираа бомбони од домовите, а муслиманите кои се во можност даваат курбан.

„Денеска е Курбан Бајрам, ден на жртвување на животни во името на Господ. Ова е од времето на нашиот пратеник, и се задолжуваат сите муслимани кои се во можност да даваат курбани.“ – вели Ердоган.

На терен во Штип сликата идентична како и претходната година. Оние кои се поимотни колат курбан и го раздаваат на посиромашните, со цел за празникот сите да бидат сити.

Празникот Курбан Бајрам трае четири дена и сите четри дена Муслиманите може да принесуваат жртва.

Лаура Стојанова М-Нет