
Три нови улици ќе добие Општина Карбинци. Стартот на градежните активности денеска го означи градоначалникот Виктор Паунов, кој истакна дека се оставаруваат ветувањата дадени пред граѓаните. Секоја улица во Општина Карбинци ќе биде асфалтирана, нема да остане улица со кал, со цел подобар изглед на населените места.
„Денес започнуваме со изградба на три нови улици во Општина Карбинци. Се работи за улици во селото Козјак, улица во Аргулица и во село Таринци. Трите улици се со вкупна површина од 1700 метри квадратни и над 550 метри должина. Средставата за инвестицијата се обезбедени од страна на Буџетот во висина од еден милион и 700 илјади денари. Со ова го продолжуваме она што го ветувавме пред граѓаните дека ќе нема улица оставена неасфалтирана или улица во кал.“ – кажа Паунов.
Паунов истакна дека дополнително се работи на проекти, со што од напролет ќе се градат нови улици и ќе се работи инфраструктурно. Се очекуваат и средставата од Министерство за транспорт и врски, за реконструкција на патниот правец Долни Балван – Таринци.

„Понатаму ќе продолжиме со оваа офанзива. Работиме на изработка на проекти во повеќе населени места, во Долни Балван ќе има една нова улица, главна улица во село Таринци, понатаму очекуваме да ги добиеме средствата веќе се одобрени од Министерство за транспорт и врски за патниот правец Долни Балаван – Таринци со што ќе го заокружиме овој потег заедно со мостот кој е веќе во фаза на реконструкција“ – додаде Паунов.
Паунов додаде дека инфраструктурно општината ќе добие сосоем поинаков лик и ќе бидат исполнети ветувањата дадени пред граѓаните.
Лаура Стојанова М-Нет