
Денес православните христијани го слават празникот Рождество на Пресвета Богородица или Мала Богодродица. Народот верува дека Пресвета Богородица е заштитничка на мајките воопшто и на леунките посебно. Исто така, се верува дека таа им помага и на жените што немаат деца. Ова е еден од најголемите празници во православието, кој секоја година се слави на 21 септември.
„Овој ден има големо значење во православието бидејќи мајката божја е таа која во својата утроба го прими спасителот на светот и преку неа дојде спасението на светот. Како што преку Ева човекот згреши, така и преку светата мајка ги измери луѓето со Бога, рагајќи го својот син, второто лице на Света Троица нашиот спасител. Големината на мајката света се гледа и од тоа што таа постојано му служела на Бога, на Христа незјинот син, и се моли за нас, не заштитува и не закрилува и ни бива помошничка во сите зла и маки.“ – кажа поп Добрица.
Вчеравечер и од утринава верници во голем број ја посетија црквата во штипско Ново Село. Сите со порака за здравке, среќа и успешна и бериќетна година.

Мајката Божја е една од трите личности во православието на кои се слави рагањето. Раѓањето на Христа, Божиќ, рагањето на мајката божја и на Јован Крстител се трите маркантни големи личности во Новиот завет кои ја сочинуваат и прават полнотата на спасението.
Лаура Стојанова М-Нет