
Македонскиот шампион во футсал, екипата на Форца на 3 јули ќе ги дознае противниците во квалификациите за Лигата на шампионите.
Ждрепката ќе биде извлечена во седиштето на УЕФА во Нион, Швајцарија со почеток од 14 часот, а тогаш ќе бидат познати противниците и квалификациските групи.
Екипата на Форца минатата сезона доминираше во македонскиот шампионат, без проблем стигна до својата цел да биде шампион и со тоа да ја одбрани титулата, а одличен настап Форца имаше и во Купот на Македонија.
Екипата на Форца во големото финале кое се играше во СРЦ „25 Мај“ во Радовиш ја совладата екипата на Осогово од Крива Паланка, која првпат играше финале, а со тоа Форца ја освои двојната круна во македонскиот футсал, потврувајќи ги уште еднаш своите квалитети.
Во следниот период Форца ќе работи на ростерот за новата сезона бидејќи ќе има одново задача за одбрана на двојната круна.
Александар Ванев, М-Нет