
Најтрофејниот македонски фудбалки клуб Вардар претстави уште неколку засилувања за новата сезона. Се работи за младиот талент Димитар Данев, кој има 19 години, а кој настапува за репрезентацијата на Македонија до 21 година.
Тој досега беше дел од Работнички, а сега го засилува Вардар, кој се подготвува во Словенија за европското лето и новата сезона.
Вардар, исто така се засили и со француски фудбалер, кој е најзвучно засилување, а се работи за Ворен Чимбембе. Македонскиот фудбалски гигант го договори 26-годишниот фудбалер кој може да игра како централен или офанзивен играч за врска, а има богата фудбалска кариера, настапувајќи во француските екипи Мец и Троа, како и за екипатана Генгам.
Вардар во првото квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА ќе се соочи со Ла Фиорита од Сан Марино.
Шкупи претстави уште две нови засилувања за новата сезона. Поранешниот шампион од Чаир го договори Андреј Ричков, станува збор за 26-годишен централен дефанзивец, а минатата сезона беше дел од Воска Спорт од Охрид.
Меѓу стативите екипата на Шкупи се засилува со германскиот голман Максимилијан Гроте. Станува збор за 22-годишен голман кој доаѓа од младинските категории на Мајнц 05 и Вехен Висбаден, а има настапвуао и за ФБ Енгерс и Рот Вајс Кобленц.
Новата сезона од Првата лига започнува на 8 август, а секое коло ќе се игра во три дена, односно петок сабота и недела.
Александар Ванев, М-Нет