
Заврши сезоната во македонскиот ракомет, останува да се одигра уште баражот за Суперлигата и со тоа да ги имаме сите екипи кои ќе бидат дел од ракометната елита во сезона 2025/2026.
Еурофарм Пелистер е шампион откако во последното коло славеше над Вардар и со тоа битолчани стигнаа до деветтата титула, а трета во низа за хет-трик. Вардар заврши како втор, Алкалоид е трет, а пак Охрид е четврти и обезбеди излез во Европа.
На 5-тата позиција заврши екипата на Тиквеш од Кавадарци, а како последен во плеј-офот беше тимот на Бутел.
Во плеј-аутот екипата на Пролет е прва, втор заврши Прилеп, а пак Куманово е трет тим во плеј-аутот. На четвртото место заврши екипата на Радовиш, а пак петтопласирана заврши Струга која ќе игра бараж за опстанок, а на дното е исфрлениот Борец ФЛ од Велес.
Со бараж натпреварот меѓу Струга и Мулти Есенс ќе се добие последниот патник во Суперлигата за следната сезона, а со тоа ќе ги имаме сите екипи кои ќе бидат дел од елитата.
Струга ќе се бори за опстанок во Суперлигата и за следната сезона, а пак екипата на Мулти Есенс која заврши на второто место во прволигашкиот плеј-оф ќе се бори за враќање во елитата.
Александар Ванев, М-Нет