Жителите од село Чифлик, кочанско со мирен протест побараа чиста вода за пиење, водовод и канализација

Жителите од кочанското село Чифлик денеска со мирен протест побараа во 21 век да им се обезбедат основните услови за живот. Имено, повеќе од неколку децении немаат чиста вода за пиење водовод и канализација. И покрај фактот што поголем број домакинства имаат свои бушотини сепак и таа вода е нечиста. Од надлежните од Општина Чешиново Облешево бараат решавање на нивните проблеми или во спротивно нема да излезат да гласаат на претстојните избори.

Дел од жителите кои имаат можност одат до околните најблиски населени места за да се обезбедат со вода за пиење, останатите вода носта од пумпа чија вода исто така не е чиста и безбедна за пиење. Според жителите на Чифлик невработеноста и ниските плати нема да ги иселат младите од селото како нерешавањето на основните услови за живот.

Животниот стандард на жителите на село Чифлик не дозволуваат секое домаќинство да си обезбеди флаширана вода, па се снаоѓаат како ќе успеат. Во мегѓувреме и крупниот добиток е сведен на минимум бидејќи водата не е добра ниту за животните. Жителите на денешниот мирен протест порачаа или да им се обезбедат основните услови за живот или секоја недела ќе се блокира патот со протести и нема да излезат на избори.