
Живот на село, работа во град. Жителите на кочанското село Бели велат овде бегаат за да најдат мир од градската гужва и метеж. И покрај тоа што секојдневно одат во градот на работа, за нив враќањето назад во селото преставува гордост. Нашиот соговорник вели дека не живее многу долго во село Бели, но полека почнал да ги учи навиките на соселаните. Доаѓа овде да се одмори од градската атмосфера и да ги наполни батериите во мир во селото.
„Многу малку сум низ селото, малку се дружам со луѓето, малку ги знам навиките. Во суштина од работа овде, од овде на работа обидувам се да избегам од целата оваа ситуација, колку можам од градскиот метеж, колку можам да бидам понастрана од таа градска приказна. Овде доаѓам и во суштина си купува мир.
Пред камерите на М-Нет телевизија тој вели дека селото е убаво, селаните се сложни и доста координирани, но им недостасува една селска продавница. Тоа значи дека за секоја нивна потреба тие мора да одат до градот за да си купат што им е потребно. Или пак поедноставно ако оди еден во градот носи за сите во селото.
Село Бели се наоѓа во подножјето на Осоговските планини, одалечено неколку километри од Кочани. Селото се наоѓа на надморска височина од 370 метри. Во атарот на селото се наоѓа и месноста „Дабот“ како и манастирот Свети Илија. Жителите од ова село велат има со што да се пофалат и да привлечат внимание, додавајќи дека нивниот живот овде не е лош.
Лаура Стојанова М-Нет